Friday, March 9, 2012

Пораките на Героски - Вол. 2

Некои велат дека големината на луѓето се препознава преку нивната способност да се справат со критиката упатена кон нив, занемарувајќи ги сите карактерни недостатоци (фрустрација, гнев, комплекси), во обидот да ги согледаат аргументите на оној кој ги критикува. Такви се велат, големите луѓе. За жал, денес нема да пишувам за нив. Денес, ќе пишувам за Героски. Навистина жалам што сум приморан повторно да и додевам на македонската блогосфера со овој новинар, меѓутоа, себе си, а и на оние кои ме поддржаа во пишувањето, им ветив дека ќе посветам неколку текста на деконструирањето на лажните авторитети кои најмалку 20 години го монополизираат македонскиот јавен простор, небаре е во нивна лична сопственост.
Веднаш по појавувањето на првиот текст, на својот твитер профил, Героски напиша: „Ебати „прекрасната“ земја во која ти пишуваш со име и презиме, а те напаѓаат недоквакани анонимуси. Одговор во Фокус.“ После оваа порака на ум ми дојдоа две мисли. Прво, човеков очигледно сум го растревожил штом и покрај неговата надменост и елитистичко опходување се решил дури и јавно да опцуе!? Второ, вели „одговор во Фокус“. Добро, си викам, очигледно сака да уплаши, демек,  на располагање имам медиум, па ти дрзни се да ме критикуваш ако имаш храброст. И така би! Предупредувањето се оствари. Во денешниот број на неделникот Фокус, Героски одвоил 2/3 од својата колумна на мене. Малку чудно со оглед на тоа што во твитот ме нарече анонимец!? Па добро, кој посветува толкаво внимание и енергија на безначаен анонимец? Ах, ми текна, најверојатно оној кај кого биле испровоцирани психолошките карактеристики наведени на почетокот од текстот.
Но, да прејдам на текстот во Фокус. Веќе првата реченица ме одвраќа од желбата да читам понатаму. Вели вака: „На еден наш локален блог, чиј автор, барем засега е анонимен - првиот карактеристичен симптом на дпмнеовскиот кретенизам во пропагандата!...“ Има ли потреба од деконструкција? Оние кои ја следеа и кои учествуваа во „дебатата“ помеѓу некои наши твитерџии и една професорка, сигурно ќе го препознаат истиот механизам на справување со критиката. Ако размислуваш поинаку, тогаш сигурно одработуваш партиска задача. Ти, едноставно МОРА да си дпмнеовец и ништо друго!. Нормално, тука следуваат и сите пропратни вмровски стереотипи кои со децении беа градени во минатиот систем (кретен, неписмен, мрсулав, брадосан и т.н.). Одиме понатаму. Втор пасус. Започнува вака: „И ај, да видам што напишало детулето. Кога ваму, со мали дози на задолжителна пизма - вториот карактеристичен симптом на дпмнеовската шизофренија, сега надградена и проширена...“. Героски бездруго не знае кој стои зад овој блог. Тој самиот го потврдува тоа на почетокот од текстот. Значи, тој не знае ниту една лична карактеристика на авторот на текстот на кој алудира. Тогаш, зошто е убеден дека сум детуле? Веројатно не мисли во физичка (бидејќи не знае) туку во интелектуална смисла. А штом веќе одлучил дека неговиот замислен противник е дпмнеовец, тогаш тој сигурно е интелектуално инфериорен и недостоен да му се одвојува внимание. Токму затоа јас сум детуле.
Но, Героски не застанува тука. Следен пасус: „Блогеров тврди дека ја прочитал оваа реченица неколку пати (што е неверојатен скор за една портокалова фиданка - замислете, да се прочита цела една реченица, па згора на тоа, уште неколку пати)“. Да не се повторувам. Истата ароганција и надменост. Тука веќе станува очигледно дека Героски не комуницира со авторот на блогот, туку со негов замислен противник на кого претходно веќе му се прикачени стереотипните карактериситки и дпмнеовската облека. Но, мене ми станува интересно и читам понатаму. Веќе со следната реченица ми го враќа вниманието: „...карактеристичен симптом за страшното ментално растројство на денешниве млади преродбеници - нивната трагична неспособност да сфатат едноставна парабола, прост виц, обична шега, тој интелектуален хендикеп...“.
На етикетите повеќе не ни обрнувам внимание, нешто друго ми паѓа в очи. Героски од ад хоминем аргументација преоѓа на теоретска аргументација и тоа сосем несвесно. Сега ми станува навистина интересно. Вели дека рекол „едноставна шега“, „прост виц“. Јас би рекол сосема неточно, сосема спротивно. Во вицот е вистината. Во параболата е пораката. Токму тука се крие колективниот менталитет, или ако сака, со Јунгов речник, вицот може да биде одраз или форма  на колективното несвесно, но и на колективното свесно изнедрувајќи се од самата политичка реалност! Да, во вицот има повеќе вистина и реалност отколку во официјалната политика.
Да потсетам дека Жижек, огромен дел од своите истражувања им посвети токму на вицовите и сличните форми во земјите со тоталитарно минато. Жижек не ја анализира единствено духовната состојба на народите во тоталитарните системи, туку и политичките институции и сето тоа преку едноставна анализа на вицови и параболи кои кружеле меѓу граѓаните. Токму ваква деконструкција се обидов да наметнам во претходниот пост за Героски. Но, човекот решил дека е поедноставно да дебатира со замислен непријател отколку со мојот текст. Героски понатаму се потсмева на мојата дистинкција помеѓу демократичност и департизација на институциите, што за него претставува една те иста работа. Ах, какво непознавање на авторитетниот и надмен новинар. Просто е! Ако имаат иста содржина, тогаш ќе имаат и ист означувач. Демократизацијата на институциите, пред се, значи отвореност, транспарентност, инклузивност, отчетност и одговорност пред оние во чие име се остварува власта. Департизацијата пак значи отфрлање на сите дихотомни интерпретации на граѓанскиот ангажман и, најважно, воспоставување на мериторен (наместо партиски или споилс) систем на наградување и напредување во институциите кои имаат јавен (државен) карактер. Толку од интелектуалната расправа. Единствено во овие две реченици бев ангажиран да спорам. Можеби поради тоа што сум детуле, но останатиот дел од текстот (околу 96%) го проследив со огромна насмевка на моето лице. Героски, во уште неколку наврати ме обојува во портокалово, притоа незаборавајќи да ја потенцира мојата кретеноидност. Понатамошната анализа на текстот е сосема бесполезна, бидејќи се состои од повторување на квалификациите кои претходно, самиот тој, веќе ги утврди.


Што можам да заклучам?

Прво, искрено сум разочаран од непознавањето на правилата на аргументирање од страна на новинарот. Целиот текст изобилува со ад хоминем аргументи кои, наместо со мојот текст, се занимаваат со мојата личност, карактеристики, мотивации и сл. И, згора на тоа, сите овие карактеристики се негова конструкција (кретеноиден вмровец, портокалов, преродбеник...). Правилото на интелектуална расправа вели, не спори со личноста, спори со неговите аргументи. Героски очигледно не е интелектуалец. Тој потрошил повеќе време да напише како ме замислува, отколку да покаже зошто не сум во право. Токму тука ја гледам неговата немоќ и фрустрација.

Второ, неколку пати ме нарекува анонимец, анонимен. Зарем аргументите се помалку вредни кога ги кажува анонимниот? Доколку анонимно напишам дека земјата кружи околу сонцето, зарем тоа влијае на фактот дека земјата навистина кружи околу сонцето?.

Трето, етикетирајќи ме, Героски покажа завидна способност да спори со замислен, конструиран непријател. Можам да го споредам единствено со Дон Кихот и неговата борба со ветерниците. Истовремено ми текна и на македонскиот превод на еден култен филм на Тери Гилијам со Џони Деп и Бенисио Дел Торо во главните улоги.

Четврто, во претходниот пост напишав дека во поглед на користењето на пропагандните техники, Героски воопшто не е различен од шарлатаните од типот на Латас и Миленко. Да илустрирам. Латас секоја критика ја етикетира како соросоидна, додека пак Миленко, своите противници уште посочно ги навредува, нарекува предавници и ги закачува на табла. Денес, Героски ме етикетираше како дпмнеовски кретеноид, портокалов преродбеник и сл. На комуникациско ниво, нема никаква разлика. Героски и Латас се двете страни од истата монета!.

Петто, со жалење можам да констатирам дека во Македонија постои потполна окупација на медиумите и агората од страна на две спротивставени елити кои, во својата беспоштедна борба за власт, го уништуваат секоја обид за непартиски граѓански дискурс и независен социјално - политички ангажман. Додека актуелната протототалитарна власт етикетира и сатанизира, „интелектуалците“ како Героски го компромитираат секој облик на независна граѓанска критика или движење, лепејќи се како пијавици во обид да ја исцицаат свежата крв заради лична корист.

Шесто, сакам да упатам јавна благодарност до Героски кој во својата колумна одвои далеку повеќе простор за мене, отколку за најголемиот преседан во историјата на македонското судство - добиениот судски спор против Латас! Очигледно, не сум небитно детуле.








32 comments:

  1. Фантастично
    "со жалење можам да констатирам дека во Македонија постои потполна окупација на медиумите и агората од страна на две спротивставени елити кои, во својата беспоштедна борба за власт, го уништуваат секоја обид за непартиски граѓански дискурс и независен социјално - политички ангажман. Додека актуелната протототалитарна власта етикетира и сатанизира, „интелектуалците“ како Героски го компромитираат секој облик на независна граѓанска критика или движење, лепејќи се како пијавици во обид да ја исцицаат свежата крв заради лична корист"

    ReplyDelete
    Replies
    1. Rorschach,

      во една постар текст се обидов да ги препознаам корените на она што ти вонредно го детектираш како таборизирани комуникациски пораки и практики за кооптирање(cooptation) и денунцијација.

      Сметав дека: таборизацијата во нашата јавна расправа за средишните засегливи социјални искушенија генерира пранги или стеги кои го унижуваат слободарскиот капацитет на јавната дебата и политичката акција ја филтрираат во политичка афасија.

      Сметав дека: таборизацијата води кон бинарните политики, а тие кон задушување на каналите за политичка акција.

      Еве линк на целите пишани размилувања:

      http://teon.blog.mk/2010/06/24/stegite-na-binarnite-politiki/

      Delete
  2. Iznasilena argumentacija...."На комуникациско ниво, нема никаква разлика. Героски и Латас се двете страни од истата монета" hmhmhm, ti ochigledno ili ne zhiveesh tuka ili ne pratish shto se sluchuva

    ReplyDelete
  3. Стварно нема врска! Посебно првиот текст. Авторот ко ката да си прави пред сликата од Геровски во Фокус.

    ReplyDelete
  4. Анонимус 1 и 2, иако понудивте вонредно комплексна аргументација, успеав да ја разберам. Имате право. Мојот текст нема врска

    ReplyDelete
  5. Одлична анализа! Фројд има напишано цел труд за вицовите/шегите и како се поврзани тие со вистината, а Дерида преку деконструкција би се сложил дека тоа што господинот го напаѓа всушност токму него го дефинира.

    Имавме и ние една слична колумна есеноска, но погледната од друг агол (http://www.fail.mk/mk/kolumna.asp?reden_broj=404).

    Со почит,
    Fail.mk

    ReplyDelete
  6. toa shto na tekstov ti se palat vmrovci dovolno zboruva za tvoite stavovi.

    ReplyDelete
  7. Анонимус, ако на текстот се „попали“ некој автомеханичар, значи ли тоа дека и јас знам да поправам коли?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Да бидеш ДПМНЕовец не е професија, па да ја споредуваш со автомеханичар?! ДПМНЕовци има секакви - земјоделци, доктори, инженери, професори, тепачи и криминалци, џаболебари и воркахолици, исто како и во сите други партии.

      Тоа што е заедничко за сите ДПМНЕовци се нивните вредности: Понизност према претпоставените, политички опортунитет, лактање меѓу колегите и бескрупулозност према колегите и опонентите, без чувство за морал, стравопочит према моќните и презирање на слабите, убедени дека е сосема во ред да го манипулираш сопствениот народ и да лажеш и крадеш на избори, итн.

      Да не испадне дека не сум реален: СДСМ има некои други вредности, како ароганција, потценување на масите и елитизам, негрижа за сопственото членство и држење на статус-кво ("ќе биде жабокречина додека не каже лидерот") што е можно подолго.

      Да се вратам на коментарот погоре и да повторам: Тоа што на текстовите ти се палат ДПМНЕовци, зборува за твоите ставови.

      Delete
  8. Odlicen tekst Rorschach. Se gleda deka si nacitan i deka si mlad :). Ama jas toa go gledam kako prednost, a ne kako nedostatok. Kaj nas cesto koga nekoj nema argumenti, ke ti kaze "abe dete ti li najde da mi kazuvas." Mi se dopagja ona za laznite avtoriteti i samoproglasenite eliti vo Makedonija. Eden od niv e neosporno Geroski. Toj e dobar zatoa sto toj kazuva deka e dobar i site sto ne se slagaat so nego, nemaat dovolno inteligencija da mu go razberat tekstot, portokalovi se, prerodbenici se, i slicni diskvalifikacii. I ne znam dali slucajno ili ne no ovie tn "elitisti" prosto kako po pravilo ne diskutiraat a tekstot tuku delat navredi za licnosta ili za onie komentatori koi ne imse dopagaat. Ne treba da potsetuvame na koja grupacija i pripagja ovaa "elita" :). Prodolzi ponatamu, mora da gi razgolime ovie lazni avtoriteti koi dolgo vreme uzivaat privilegii.

    ReplyDelete
  9. Постовите на Rorschach ќе ги разбереш, само ако ги читаш со отворени очи. Браво “детуле“!

    ReplyDelete
  10. прашањата ти се реторички, а од тоа кој те поддржува се гледа кој добро те разбрал

    ReplyDelete
  11. dete li si ili maz, zena, ne e vazno...vazno e deka go ubi vo pim, ako e tolku "intelektualec" onoj moronot gero, samiot ke zakluci kolku mu e uspesna kolumnata koha ima samo 3 komentari posle nea...ako te cita tebe, ke vidi deka imas 100 pati poveke od nego..prodolzi coveku, rasturi go i ponatamu, oti od takvite kako gero,milcin,latas,milenko,kabranov...mediumite otidoa jabana.....toj gero e najgolemiot bezrbetnik, uste pametam kako se vlekase po velija, kako siroto sluzavce koga go trgnaa od spic...samo covek bez kicma moze takov da bide...i slugata Jernej imal poveke pravo od nego...car si !...ili carica!...ne e vazno, vazno e deka treba da prodolzis da pisuvas...a Gero neka krie komentari...mu pisav posle kolumnata i na nego....ima samo 3 komentari koi go falat i vospevaat ama siguren sum deka ima uste 1000 koi gi krie i ne gi objavuva...demokratot Gero !??...neka vidi kolku komentari ima tvojata kolumna a kolku negovata....pozdrav i psiyvaj uste...jana !

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам на позитивната критика. Инаку, неколку луѓе што ги познавам лично ми посведочија дека коментирале кај Героски на Плусинфо, меѓутоа коментарите не се објавуваат, така што би ти препорачал да не се вознемируваш. Тоа е негов начин на справување со различното мислење.

      Delete
    2. А ти зошто го избриша мојот коментар во кој напишав дека си отворил блог во кој пишуваш само за Героски, дека твое сопствено мислење за било што досега не прочитавме?! Тоа е твојот начин за справување со различното мислење.

      Delete
    3. Го избришав заради погрдните зборови што ги искористи за да го опишеш овој блог. Тоа нема да го дозволам бидејќи сметам дека нивото на дискусија мора да се задржи. Овој коментар, не содржи такви епитети, така што ќе го оставам

      Delete
    4. А за тебе "по****н" е погрден збор, така?

      Ако комерцијалните медиуми се водеа по твојот принцип (цензура на сите текстови кои содржат имиња на телесни продукти), во каков тоа стерилен свет ние ќе живеевме? Немаше да постои ниту иронија, ниту цинизам - основите на вистинска интелектуална дискусија. Какви наивно-смешни би биле таквите линеарни и рамни текстови?!

      Но, не, нема да те едуцирам беспари и да ти објаснувам како "е***но добро" не е погрден збор туку стил на изразување и нема врска со било какво НИВО на дискусија.

      Само ќе го напишам она што ми го избриша, овој пат во твој стил:

      Тоа што е очигледно со твојов БЛОГ е тоа што имаш три текста од кои два се посветени на Геровски. Тоа се 66% со тенденција да станат 99% за некое време. Всушност, ако ги засметаме и линиите текст кои си ги напишал како коментари, тогаш стигаме до тоа дека добри >90% од содржината ти се посветени на Геро.

      За разлика од тоа, не си напишал ама баш ништо за ТВОИТЕ ставови за било што - секојдневието, историјата, науката, уметноста, итн.

      По тоа заклучувам дека БЛОГов си го отворил со единствена причина - да си ја олесниш душата од твојот личен проблем со Геровски.

      Затоа, мислам дека е доволно - можеш да престанеш да "замараш" со лични проблеми.

      А Геро со неговата егоцентричност ти помогна воопшто било кој да го прочита твојот блог, бидејќи да не беше тој, немаше да имаш ниту петорица посетители.

      Ако сакаш да пишуваш на Блог, пишувај за твоите ставови, а анализата на други личности остави им ги на твоите коментатори.

      Delete
    5. Човеку, па знаеш дека ова одлично ти функционира?! :) (Пишувам без никаков цинизам.) Одличен начин за рекламирање на нов медиум: Од 0 до 100 за само 3 дена.

      Delete
  12. Можеби не е толку едноставно дека се 2 поларитети, мислам дека тоа е поедноставување бидејќи според мене играчите во сини дресови се помалото зло. Тоа секако не го прави изборот што го (не)имаме помалку трагичен...

    ReplyDelete
  13. Rorschach човеку ебати демонстрацијата на надмоќ и интелк. Браво!!!
    Но да се вратиме на феноменот „Геровски“, имено токму феномените „Геровски“ се воглавно виновни за мизеријата во која денес се наоѓа РМ. Денешните случувања едноставно се резлутат на систематското уништување на македонската критична мисла од почетокот на 90-тите години. Додека другите се занимава со вистинска демистификацијата и демонтирањето на тоталитаризмот, македонските „геровци“ се трудеа да го замаскираат истиот тој тоалитаризам и да ни го прикажат како демокрација. Е сега кога тој тоталистаристички „монструм“ кој тие го лекуваа и го ојачаа мислејќи дека така екслузивно ќе го контролираат само тие, без да сватат дека всушност и никој пат и не се го контролирале ќе ги изеде и нив тогаш плукаат по секој кој ќе им ја каже вистината.

    ReplyDelete
  14. Pozdrav do "Anonymuous"..odlicna zabeleska...ima nesto sto edne moj prijatel izraelec mi go kazuvase...veli, postojat luge koi sakaat da pisuvaat ama da si ostanat nastrana od slavata i drugo, navistina da pomognat...go posocuvase primerot na Djems Din...toj mrazel idoli, z ana krajot samiot da stane idol...isto e i so gero (ne deka e toj nekakov idol, bog da cuva !....toj e tipicen primer za antiidol, gluposyt na covekovoto ziveenje) ama se slozuvam so tebe, takvite kako Gero ili kako onaa floskula od cestica Nikolce Mladenov (tipicen primer na reketarsko novinarstvo...znam za tovjta firma, daj pari ako ne ke te napisam) prvo gi vospevaa golemite drzavnici za podocna da gi prikazuvaat kako nedemokratski...tuka lezi fintata deka ovie luge nemaat svoe "jas"..kaj niv toa funkcionira spored sistem 'cena"....potsetete se kolku vreme Mladenov trubese protiv Branko, duri i go tepaa, pa se stavi na naslovna vo vensik so krkvav nos i zmailsi posle 2004, duri i vleze so Pavle Trajanov i odese na mitinzi, stoejki do Branko !.....toa e elitata na makedonskoto novinarstvo, ili onoj, Robert od taa nevladinata, so glob-troter frizurata...covekot ne znae osnovna mediumska matematika i finansii a soli pamet kako mediumoite da opstanat !....bog da gi cuva...im nema spas, zatoa i takva ni e mediumskata fela...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Ти се чудам на паметот и "логиката".

      Значи ако некој човек упорно е против оние што се на власт и упорно ги напаѓа преку своите медиуми, значи тој е превртлив? Ако вчера бил против Бранко а Бранко бил на власт, и затоа јадел ќотек, а денес е против Грујо а Грујо е на власт и пак јаде ќотек, тоа го прави ПРЕВРТЛИВ???!

      Затоа што логиката ти е бог да чува, ќе ти нацртам: Превртливи луѓе се оние кои се вртат во правецот од каде што доаѓа користа, а не во правецот од каде што доаѓа ќотекот.

      Со твојот начин на резонирање, стварно незнам како воопшто си успеал да напишеш толку долг коментар, но настрашно е тоа што има луѓе кои ќе ти поверуваат.

      Delete
  15. Одлично, исто како и за првиот текст.Најголемиот проблем е тоа што скоро секоја информација, текст на плус инфо не е потпишана од новинар.Освен колумните, се останато е анонимно.Блогерот може да пишува анонимно, но новинар кој е креатор на јавното мнение, не смее да не го потшише својот текст.Кога неговите новинари ќе се потпишуваат и ќе застанат зад своите текстови, тогаш можебе и ќе му држи муабетот за анонимноста.Се дотогаш, текстот му е ветар.
    Толки си во право и во двата текста, па тоа му причинува голема болка на Геро, и затоа и ти посветил цел текст.Да беа ова погоре глупости, без аргументи, ќе поминеше незабележано.И едниствената одбрана која ја има Геро е да те стави во политички кош кој е спротивен на неговото мислење.Патиме од таа поделба.И ако имаш мислење мора и да си политички определен.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Кога прочитав за непотпишани текстови, прво мислев дека пишуваш за ВЕЧЕР.

      Гледам колку омраза има према ПЛУСИНФО, само затоа што не пишуваат по волја на ВМРО-ДПМНЕ.

      Како човек кој денес си го најде сопственото име и презиме и имињата и презимињата на мојата најблиска фамилија, на некаков си интерен нацистички список направен од ВМРО-ДПМНЕ во кој имаат детални информации за тоа кој чив симпатизер е и кој како ќе гласа, сакам нешто да ви порачам ДПМНЕовци: Ќе ви дојде крајот, и ќе платите на суд и во затвор за овој терор што го спроведувате. Кои сте бре вие да правите списоци на луѓе со информции за нивните лични ставови?!?!

      Delete
  16. Добро. Во меѓувреме го прочитав и вториот текст и овој одговор. Без да навлегувам во надмудрувања ќе го повторам она што го искоментирав и на страната на Фокус. Имено, доколку денес се обидете да повлечете знак на равенство меѓу власта и опозицијата, и, следствено на тоа, меѓу оние што ја критикуваат власта и оние што ја критикуваат опозицијата (дури и да ставите наметка на критизер на власта!) почнувате да личите на оние што во 2001 и 2002 година го уверуваа народот дека сите се исти. Пред тоа, се разбира, опозицијата беше „канцер“, но како што се губеше стабилноста на почвата (власта), а поразот стануваше се поизвесен, спасот се бараше во неефикасната фраза „СИТЕ СЕ ИСТИ“. Значи, Роршах очигледно има слична агенда. Ќе заврши, бездруго со ист епилог како и во 2002. Кога некој денес се декларира како противник на актуелното практикување на власта (макар и со изразот „протототалитаризам“), а во исто време прави равенство меѓу оние што по цена на сопствената лична сигурност и живот се борат против тоталитаризмот и оние што него сесрдно го бранат, тогаш тој (па макар бил и РОРШАХ) прави логичка грешка сосема добро опишана во учебниците по формална логика. Очигледно голема мака го натерала на ова.

    ReplyDelete
    Replies
    1. велите „наметка на критизер на власта“, спроведување „агенда“ и некоја „мака“ ме натерало на пишувам за Героски, демек, одработувам агенда на некоја партија која е во мака поради новинарско - критичкиот ангажман на Героски!? Боже господе Петра!

      Велите сте коментирале на страната на Фокус. Не сум видел. Ме интересира дали таму го укорувате новинарот за етикетите, денунцирањето и навредите кои ми ги упати? Зарем тие техники на комуницирање со јавноста не се оние против кои заедно се бориме?
      Ме интересира, од каков тип логичка грешка е вашата кога сметате дека пропагандните машини на власта етикетираат, но истото етикетирање е дозволено додека доаѓа од критички настроените новинари. Тоа ли е вашата логика?
      Пријателе, никој не ја оспорува легитимноста во критикувањето на Героски. Проблемот е во неговото справување со истата!
      Знаете ли што е најтрагично? Што за едните сум етикетиран како соросоид а, пред неколку дена, во текстовите на Героски станав дпмнеовски кретен, портокалова фиданка, преродбеник...

      За мене оваа дискусијата е апсолутно исцрпена бидејќи Героски, со текстот на Фокус, самиот покажа зошто правам равенство меѓу него и продолжените пропаганди раце на ДПМНЕ.

      Delete
    2. О, пардон! Изгледа го скорнав зајакот!????

      Delete
    3. Не, не можеш во никој случај да направиш равенство помеѓу Героски и Латас.

      Героски е нешто друго: има проблем со егото, како и поголем дел од новинарите, и се губи во плукање и критики ако го чепнеш. Пред некое време Плусинфо објави еден срамен текст (реплика) на главниот уредник кон некоја си девојка, мислам дека беше новинар. Текстот беше толку мизерен што дури и Героски се јави со коментар дека главниот уредник не требало да постапи така. А сега Героски ја прави истата грешка и со твоите коментари.

      Но, да правиш паралела помеѓу Латас и Геро?!? Глупост.

      Героски ти е лајач кој има сопствени ставови и верува во нив и ќе направи се да те убеди во тие ставови.

      Латас, ако веќе споредуваш, повеќе можеш да го споредиш со Борјан Јовановски, со Билјана Секуловска, и ред новинари од Утрински Весник и бивши Актуел.

      Кога ќе размислам повторно, Латас не можеш да го споредиш со никого.

      Delete
  17. Драги без-мадлести коментатори, кога ќе престанете меѓусебно да се тупкате по грб и да цитирате книги, сетете се дека и Латас, таков како што ѐ, барем гледа во камера и кења.
    Вие, како и сите фотељашки револуцинери, немате храброст ни да се кажете кои сте. Револуционери од под јорган-планина!
    Кој не се плаши да каже што има, застанува зад своето име и образ. Ако ги има.

    Тоа ви го замерам највеќе, на страна ad-hominem нападите на секој кој не се согласува со вас.


    БТЊ, мислев дека сум логореичен и чкрабало, но, ете - ме демантирате. Давибам, колку време имате да седите и да пишувате толку долги текстови?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Латас „ќења“ бидејќи секогаш кога ќе настапи критичен момент, може да смета на заштита од актуелната политичка власт и институциите на системот. Треба ли да те потсетувам колку време му требаше за да извади „папир“, лично потпишан од министерката Јанкуловска, во моментот кога се појавија информации за неговата соработничко - шпиунска поврзаност со една наша соседна држава? Ја сфаќаш разликата?

      Како и да е, ти завидувам на упорноста да не ја сфатиш поентата на мојот пост. Тоа е редок квалитет кај луѓето кои сакаат главечки да пројдат низ ѕид.

      Инаку, ме интересира дали ме персираш, или со цел памет мислиш дека зад блогов стојат повеќемина, кои, претпоставувам, мислиш дека пишуваат нарачани текстови?

      Додека го пишував коментарот ми текна нешто. Твоите коментари страшно ме потсетуваат на Платоновото опходување спрема својот ментор и учител - Сократ. Иако ти не си толку умен колку и Платон, сепак, од твоите коментари може да се создаде модерна верзија на Сократовата одбрана. Предлагам името да и биде: „Апологија на Героски“

      Delete